Вера колабирала среде гужвата на „Евзони“ – итно пренесена во болница

Вистинска драма се одвивала на граничниот премин „Евзони“, каде на Вера, државјанка на Србија, ненадејно ѝ се слошило додека чекала да ја премине границата.

Според неофицијални информации објавени од српски „Блиц“, жената во еден момент доживеала клиничка смрт. Очевидци веднаш повикале Брза помош, која, според истите информации, пристигнала по околу 40 минути.

По укажаната прва помош, Вера итно била пренесена во Универзитетската болница „Ипократис“ во Солун, каде лекарите направиле детални прегледи.

Медицинските испитувања покажале дека таа претрпела аневризма на мозокот, односно мозочно крварење, кое предизвикало сериозни оштетувања.

Нејзината здравствена состојба засега не е официјално соопштена, а случајот предизвика големо внимание во јавноста. Според информациите на српските медиуми, истрагата за сите околности поврзани со настанот е во тек.