Меркур влезе во знакот Бик, а положбата на планетите на одредени хороскопски знаци ќе им донесе можност за подобра заработка и финансиски напредок до 16 мај.
По излегувањето на Уран од Бик, финансиската состојба почнува да се стабилизира, па ова е одличен период за паметни финансиски потези и нови деловни можности.
Според астролозите, Биковите, Близнаците, Раковите и Лавовите ќе имаат најмногу среќа со парите во наредните денови.
БИК
Сонцето и Меркур во вашиот знак ви носат подобрување на финансиската состојба. Можно е да добиете дополнителни приходи, успешни деловни понуди, па дури и вредни подароци благодарение на влијанието на Венера.
БЛИЗНАЦИ
Јупитер ви отвора можности за заработка преку семеен бизнис или соработка со блиски луѓе. Сè што е поврзано со домот, семејството и приватниот бизнис може да ви донесе неочекуван профит.
РАК
Преку пријатели и познаници ќе слушнете за нова можност за заработка. Заеднички проект или деловна соработка може значително да ви ја подобри финансиската состојба.
ЛАВ
Имате големи планови и очекувате поголема заработка. Иако работите ќе се одвиваат побавно отколку што сакате, парите сепак доаѓаат — важно е да останете упорни и фокусирани на целите.



