Светот на фудбалот е завиен во црно откако нигерискиот фудбалер Виктор Удох е пронајден мртов на само 21-годишна возраст, а околностите за неговата смрт сè уште не се разјаснети.
Според британските медиуми, телото на поранешниот играч на Саутемптон и Антверпен било пронајдено во Абуџа, главниот град на Нигерија. Засега нема официјални информации за причината за смртта, а случајот предизвика бројни реакции во спортската јавност.
Од младиот фудбалер се прости и англискиот клуб Саутемптон со емотивна порака.
„Скршени сме поради трагичната смрт на нашиот поранешен играч Виктор Удох. Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските во овие тешки моменти“, објавија од клубот.
Southampton'un Nijeryalı oyuncusu
Victor Udoh ülkesinin Abuja şehrinde bir kulüpte arkadaşlarıyla eğlendikten sonra gıda zehirlenmesinden vefat etmiş. RIP pic.twitter.com/UYezFV6An7— ZGO (@benvarkeen) May 26, 2026
Удох во 2025 година се приклучи на академијата на Саутемптон, каде што настапи на осум натпревари за тимот до 21 година. Пред тоа го носеше дресот на белгиски Антверпен, каде што важеше за голем талент и забележа 28 настапи за сениорскиот тим.
По заминувањето од Англија, кариерата ја продолжи во чешкиот клуб Чешке Будејовице.
Неговата ненадејна смрт остави во шок многу навивачи, соиграчи и љубители на фудбалот ширум



