TAЖНА ВЕСТ: Почина познат политичар и поранешен градоначалник

Кавадарци тагува по загубата на Иван Чулев, поранешен градоначалник на Општина Кавадарци и поранешен претседател на Советот, човек кој остави значаен белег во развојот на градот и локалната заедница.

Тажната вест ја соопшти актуелниот градоначалник Митко Јанчев преку објава, во која изрази длабоко сочувство и почит кон ликот и делото на Чулев.

„Со голема тага ја примив веста за смртта на нашиот сограѓанин, поранешен градоначалник на Општина Кавадарци и претседател на Советот, г-динот Иван Чулев, човек кој остави длабока трага во развојот и животот на нашиот град“, напиша Јанчев.

Иван Чулев во текот на својот јавен и политички ангажман беше препознатлив по посветеноста кон Кавадарци и работата во интерес на граѓаните. Неговото име останува поврзано со бројни иницијативи и активности кои придонеле за развојот на општината.

Граѓаните, пријателите и соработниците се простуваат од човек кој остави силен белег во јавниот живот на Кавадарци.

Повеќе информации за времето и местото на погребот се очекуваат во текот на денот.

Advertisements