Утре ќе нема струја пет часа, проверете дали сте на списокот за исклучувања

Поради планирани технички зафати во електросистемот, делови од скопските населби Волково и Долно Соње утре ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „95“ во населбата Волково.

Подоцна во текот на денот, во интервалот од 12:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и во село Долно Соње, поточно за корисниците од дел на улицата „16“.