Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, модната креаторка Мелина Галиќ, се омажи за британски милионер, а раскошната свадбена церемонија била организирана во Монако, по што прославата продолжила во Италија.
Медиумите и социјалните мрежи со денови не престануваат да зборуваат за новиот брак на Мелина, нејзиниот избраник, но и за реакцијата на Харис Џиновиќ, кој јавно го изнесе својот став за нејзината нова љубов.
Во меѓувреме, на социјалната мрежа Икс се појави видео од настап на познатиот пејач, а многумина забележаа дека Харис изгледа тажно и замислено. Корисниците веднаш почнаа да коментираат дека причината за неговото расположение е токму свадбата на Мелина.
„Се гледа дека на овој човек не му е лесно откако Мелина се омажи. Навистина ми е жал за него“, стои во описот на видеото кое брзо стана вирално.
@jekaca4 #harisdzinovic #melinadzinovic #caosvima ♬ original sound – Jekaca
Да потсетиме, еден од гостите на свадбата на модната креаторка Мелина Галиќ и милионерот Џефри Пол Арнолд објави фотографии од нивната свадбена церемонија, кои предизвикаа големо внимание во јавноста.


