Македонија завиена во ЦРНО: 4 лица загинаа, овој статус на социјалните мрежи предизвика лавина реакции

По трагичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која животот го загубија четири лица, на социјалните мрежи масовно се споделува статус што предизвика големо внимание и бројни реакции во јавноста.

Мартин Јованоски во својата објава реагира на информацијата дека товарното возило, кое преминало во спротивната лента и удрило во патнички автомобил, било управувано од 76-годишен возач.

„Камионот кој вчера на обиколница премина во спротивна лента и удри во возило при што уби 4 недолжни луѓе го управувал 76-годишен човек… 76 години!“, напиша Јованоски.

Тој остро реагира и поставува прашање како лице на таа возраст управувало товарно возило со приколка и учествувало во сообраќај со толкав габарит.

Во статусот, Јованоски потсетува дека во несреќата загинаа четири лица, меѓу кои и две млади лица на 20-годишна возраст, како и познатиот оперски уметник Ристе Велков.

„Сите златни, полни живот, невини“, стои во објавата која за кратко време привлече огромно внимание.

Advertisements

Трагедијата се случи на скопската обиколница кога товарно возило со косовски регистарски таблички ја пробило заштитната ограда, преминало во спротивната коловозна лента и се судрило со автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.

По судирот избувнал пожар, а патничкото возило целосно изгорело. Во несреќата загинаа четири лица.

Возачот на товарното возило е приведен, а надлежните институции ја продолжуваат истрагата за целосно расчистување на случајот.

Објавата на Јованоски отвори и поширока јавна дебата за безбедноста во сообраќајот, контролите врз професионалните возачи и прашањето до која возраст треба да се дозволува управување со тешки товарни возила.