Во ова грчко летувалиште гирото е најевтино: Цената ги изненади туристите

Објава од популарната страница „Грчка инфо“ предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако беше споделена фотографија од гиро во Ставрос, туристичко место во близина на Солун, со цена од само 3,80 евра.

Фотографијата брзо стана тема на дискусија меѓу туристите, кои се прашуваат дали некаде во Грција може да се најде уште поевтино гиро.

Ставрос и ова лето е една од омилените дестинации за туристите од Балканот, а ваквите цени дополнително го привлекуваат вниманието.

Гирото со години важи за едно од најпопуларните и најдостапни јадења во Грција. Сепак, во последните неколку сезони цените во многу туристички места постепено растат, особено во најпосетените летувалишта и на островите.

Токму затоа цената од 3,80 евра во Ставрос предизвика бројни реакции на интернет, а многумина коментираат дека ваква понуда денес ретко се среќава во познатите туристички центри.

Advertisements

За многу туристи кои внимаваат на буџетот, ваквите информации се важен фактор при изборот на летна дестинација.