И оваа година, салонот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии. Од свежи и лесни бели вина, преку нежни розе нијанси, до структурирани и комплексни црвени етикети, „Вино на штикли“ ќе биде можност за откривање на нови вкусови, вински приказни и етикети со карактер.
„Вино на штикли“ е вечер во која виното, гастрономијата, музиката и стилот се спојуваат во едно целосно сензорно искуство. Посетителите ги очекува внимателно создадена атмосфера со вкусни деликатеси, модно изненадување и музичка програма во живо, која оваа година ќе ја збогати Бернарда Бобовечки со акустичен настап. Нејзиниот глас ќе биде музичката нота што ќе ѝ даде дополнителна елеганција на вечерта над градот.
Настанот останува верен на својата препознатлива енергија да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон доброто вино, но истовремено да биде отворен и за сите џентлмени и вински љубители кои знаат да препознаат префинет вкус, добра етикета и вечер со посебен карактер.
Настанот започнува во 19:00 часот, а билетите се достапни преку официјалната веб страна: https://vinonastikli.com/
Бројот на места е ограничен – резервирајте го своето навреме.


