Почина омилената актерка – ја загуби битката со ракот на само 44 години

Ирската актерка Слејн Кели, најпозната по улогата на Џејн Хауард во популарната серија „Тјудорите“, почина на 44-годишна возраст по борба со рак.

Според информациите објавени од нејзиното семејство, актерката починала мирно во својот дом во Даблин, опкружена со најблиските.

Тажната вест ја потврди и нејзиниот долгогодишен пријател Пади Кортни, кој преку емотивна објава на социјалните мрежи откри дека Слејн ја загубила битката со ракот.

Зад себе ги остави родителите Марион и Џо, братот Дарах, како и својот 11-годишен син Нокс.

Публиката најмногу ќе ја памети по улогата во историската серија „Тјудорите“, каде настапуваше заедно со Џонатан Рис Мајерс. Покрај актерската кариера, Кели беше активна и како филмска продуцентка, а работеше и на романтичниот филм „The O’Brien’s“ од 2013 година, во кој имаше една од главните улоги.

Освен филмот, таа беше посветена и на хуманитарната работа. Од големата љубов кон животните ја основала градската фарма „Свети Ана“, која и денес функционира како едукативен и работен центар.

Advertisements

Во прошталното соопштение, семејството порача дека Слејн Кели засекогаш ќе остане запаметена по својот талент, добрина и позитивен дух, а нејзината смрт претставува голема загуба за ирската филмска сцена.