Познатата грчка новинарка Марија Антонојанакис почина во неделата во Ираклион, на островот Крит, откако била пронајдена без знаци на живот во својот автомобил.
46-годишната новинарка, која работела за телевизијата KRITI TV и порталот Neakriti.gr, била пронајдена во гаража во населбата Агиос Јоанис.
Според грчките медиуми, безбедносните камери ги снимиле нејзините последни движења. На снимките се гледа како таа влегува во зградата, се качува до својот стан, а потоа се симнува во гаражата и влегува во автомобилот.
Набргу потоа била пронајдена без свест. Станарите веднаш повикале Итна медицинска помош, а лекарите и спасувачите се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.
Според информациите на KRITI TV, новинарката доживеала срцев застој. Нејзиното тело е пренесено во Универзитетската болница во Ираклион, каде ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Како што пренесува грчкиот портал ProtoThema, погребот на Марија Антонојанакис е закажан за денес во 16 часот во црквата „Свети Јован Кноски“ на Крит.



