Почина познатиот пејач – ја загуби битката по тешка болест

Пејачот Андрија Бајиќ, сопруг на познатата пејачка Мала Цана, почина денес на Воено-медицинската академија (ВМА) по тешка болест.

Тој беше во деветтата деценија од животот.

Пред неколку недели Бајиќ доживеал мозочен удар, по кој првично се опоравил, но подоцна неговата здравствена состојба значително се влошила.

Тажната вест ја потврди неговата сопруга Мала Цана, која низ солзи успеа да изговори само неколку зборови.

„Рекоа да дојдам утре… Животе мој…“, изјавила неутешната пејачка.

Претходно таа откри дека состојбата на нејзиниот сопруг била многу сериозна.

Advertisements

„Состојбата е иста. Лошо е, животно е загрозен. Сега одам да го посетам. Треба да го прегледа нефролог“, изјавила Мала Цана, додавајќи дека дел од колегите се јавиле да прашаат за неговото здравје, иако, како што рекла, многумина ја разочарале со својата негрижа.