УЈП со важно известување за граѓаните

Управата за јавни приходи (УЈП) објави важно известување за граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), но нивната постапка за регистрација сè уште не е целосно завршена.

Од УЈП информираат дека е завршен процесот на обработка на овие регистрации, а до засегнатите граѓани се испратени персонализирани пораки од официјалната електронска адреса info@ujp.gov.mk со насоки за понатамошно постапување.

Доколку сте примиле ваква порака, потребно е да се јавите во надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, каде што овластено службено лице ќе ја одобри вашата регистрација и ќе го активира корисничкиот профил.

Со активен профил во системот е-Даночни услуги, граѓаните можат да користат повеќе електронски услуги преку порталот https://uslugi.gov.mk/, да имаат увид во својата Годишна даночна пријава, да остваруваат права од надлежност на УЈП и други институции, како и да ја користат апликацијата МојДДВ.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на:

Е-пошта: info@ujp.gov.mk
Телефон: 02/3253-200
Бесплатен телефон: 0800 33 000 (само од фиксни оператори)

Advertisements

Целосното соопштение е достапно на официјалната веб-страница на УЈП.