Лидл издаде итно предупредување: Повлечен популарен производ, парите се враќаат и без сметка

Лидл во Германија започна итно повлекување на популарниот кујнски апарат Nicer Dicer Smart (сет од 16 дела) поради производствен дефект кој може да претставува ризик за здравјето на корисниците.

Според производителот Genius GmbH, кај одредена производствена серија постои можност при користење да се истрошат мали пластични делови, кои потоа можат да завршат во храната.

Ваквите пластични честички можат да предизвикаат повреди на устата и грлото, а доколку бидат проголтани, постои и опасност од задушување.

Повлекувањето се однесува на следниот производ:

Nicer Dicer Smart – сет од 16 дела
Боја: мат црна
Сериски број (IAN): 527315
Датум на производство: 07/2025 и 08/2025

Од купувачите се бара веднаш да престанат да го користат апаратот доколку ги има наведените ознаки.

Advertisements

Лидл соопшти дека производот може да се врати во која било продавница на Лидл во Германија, а купувачите ќе добијат целосен поврат на средствата, дури и без приложување на фискална сметка.