Oвие граѓани во петок да си ги проверат сметките – предвреме ќе им бидат исплатени парите

Пензионерите кои пензијата ја примаат преку Шпаркасе Банка ќе можат да располагаат со јулските пензии уште во петок, 31 јули 2026 година, соопшти банката.

Според известувањето, средствата ќе бидат навреме префрлени на платежните сметки на корисниците, што ќе им овозможи да ги користат уште пред почетокот на август.

„Ве информираме дека пензиите за месец јули ќе бидат достапни на вашите платежни сметки на 31 јули 2026 година“, информираат од Шпаркасе Банка.

Пензионерите кои поседуваат дебитни картички ќе можат веднаш да ги користат средствата за плаќање во трговските објекти, онлајн трансакции или за подигнување готовина од банкоматите.

Во моментов, Шпаркасе Банка е единствената банка што официјално потврди дека исплатата на јулските пензии ќе започне на 31 јули. Останатите банки сè уште немаат објавено информации за точниот датум кога пензиите ќе им бидат ставени на располагање на нивните клиенти.

Пензионерите се советуваат редовно да ги следат известувањата од својата банка, бидејќи датумот на исплата може да се разликува во зависност од банката преку која ја добиваат пензијата.

Advertisements