Под полициска опсада и без новинари – државниот врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Под силно полициско обезбедување македонскиот државен врв денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

На чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев како дел од државната делегација присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието.

Панихида оддржа поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан кој зборуваше за делото на македонскиот револуционер. По завршувањето на панихидата, македонската државна делегација си замина.

Advertisements

На чествувањето не беше дозволено присуство на новинари, освен на фоторепортери и сниматели.