Максим Димитриевски за „Фокус“: Јас сѐ уште сум член на СДСМ

Согласно статутот на СДСМ, правно-формално, јас сум сè уште член на СДСМ, вели во интервју за неделникот „Фокус“, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој победи на последните локални избори како независен кандидат и не доби поддршка од СДСМ.

„Ова прашање треба да го упатите до актуелното раководство на СДСМ. Мислам дека ни тие самите не знаат каков е мојот статус во партијата. Но, правно-формално, согласно статутот на партијата, јас сум сè уште член на СДСМ. За мена ова е апсолвирано прашање“, вели Димитриевски на прашањето каков е сега неговиот статус во партијата.

Advertisements