Поминаа две недели од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, а во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе.
На социјалните мрежи и медиумите се објавуваат различни снимки од спасувачки акции во кои од под урнатините по часови, денови и цела недела се извлекуваат живи луѓе.
Но, има и такви снимки на кои приказната за спасените останува непозната. Една таква снимка кружи на социјалните мрежи и youtube, а на која се гледа како додека турски војник смирува девојче, тоа му заспа на рамото.