Во Парламентот на Грузија се случи инцидент кога пратениците се степаа по жестока дискусија.
Имено, на расправата за законот за странски агенти дошло до вербален, а потоа и физички конфликт меѓу претставниците на владејачката коалиција и опозицијата.
На видеото од парламентот се гледа кратка, но насилна тепачка меѓу пратеници, која избила откако претседателот на комисијата за правни прашања, наводно, го удрил лидерот на опозициската партија Обединето национално движење, која се противи на законот.
Владејачката коалиција Грузиски сон минатиот месец ја објави својата поддршка за законот, кој сè уште треба да помине низ втората фаза на одобрување пред да биде донесен, додека критичарите го споредија со рускиот закон од 2012 година, кој оттогаш беше проширен и користен, како пишува Ројтерс, за конфронтација со руското граѓанско општество и независните медиуми.
Законот предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да се регистрираат како „странски агенти“ и подлежат на надзор од Министерството за правда.
fist fight breaks out in georgia parliament over draft foreign agents law
(russia has used a similar law to crack down on civil society/independent media)pic.twitter.com/9KQJHZ7vzt
— ian bremmer (@ianbremmer) March 6, 2023