Ненадејно замина познатиот актер: Колегите и пријателите му оддаваат последна почит

Светот на филмот и телевизијата е во жалост по веста за смртта на британскиот актер Питер Хепелвајт, кој почина на 59-годишна возраст. Актерот беше познат на пошироката публика и по неговото појавување во култната серија „Сплетки“.

Веста за неговата смрт ја потврди неговата агенција Apollo Artist Management преку емотивна објава на социјалните мрежи.

„Со скршени срца ја споделуваме тажната вест дека нашиот прекрасен клиент и пријател Питер Хепелвајт почина. Тој беше исклучителен актер, режисер, учител и ментор, човек со огромна топлина и дарежливост кој остави длабока трага кај сите што имаа можност да го запознаат“, се наведува во соопштението.

Причината за смртта засега не е официјално соопштена. Зад себе Хепелвајт остави три возрасни деца.

Со емотивни зборови од него се прости и неговата ќерка Џорџија, која откри дека актерот починал мирно, опкружен од своето семејство.

„По неверојатна борба, нашиот неверојатен татко Питер Хепелвајт почина мирно додека нè држеше за рака. Тој никогаш не се предаваше, неизмерно сакаше и секогаш го даваше најдоброто од себе“, напиша таа.

Advertisements

Бројни колеги, пријатели и обожаватели преку социјалните мрежи му оддаваат почит на актерот и се присетуваат на неговиот талент, хумор и големото влијание што го остави зад себе.