Син (19) на позната актерка пронајден мртов: Испливаа морничави детали за трагедијата

Познатата актерка Лара Џој Кернер се соочува со најтешкиот период во животот, откако беше потврдено дека нејзиниот 19-годишен син Реми Аимеи Полерт трагично го загубил животот.

Неговото тело било извлечено од реката Изар во Минхен, а целиот случај е обвиен со мистерија.

Страшното откритие се случило во саботата околу 9:45 часот, кога жена која шетала во близина на мостот Лудвиг забележала тело во водата и веднаш ги повикала итните служби. Поради долгото време поминато во водата, телото било речиси непрепознатливо, па според германски „Билд“, пожарникарите и полицијата првично мислеле дека станува збор за маж на околу 60 години.

Вистинскиот идентитет на момчето бил потврден дури подоцна, по официјалната идентификација. Фотографии од драматичната спасувачка акција подоцна биле објавени и од минхенската противпожарна служба.

Иако е утврдено дека младиот Реми починал од давење, истрагата сè уште трае. Полицијата се обидува да открие кога точно паднал во реката и под какви околности се случила трагедијата. Бидејќи нема сведоци, истражителите претпоставуваат дека во моментите пред смртта бил сам.

За да се расветлат сите детали, обвинителството наредило итна обдукција. Судските лекари треба да утврдат колку време телото било во водата, како и дали има повреди што би укажувале на пад од височина, на пример од мост.

Advertisements

Паралелно се вршат и токсиколошки анализи за присуство на алкохол и дрога во крвта, што би можело да помогне во понатамошната истрага.

Инаку, трагично починатиот тинејџер бил многу близок со својата баба, познатата актерка Дијана Кернер, со која често се појавувал на јавни настани.