Страшен напад од рој оси: Пензионер го загуби животот, лекарите биле немоќни

Седумдесет и едногодишен маж, идентификуван како М. С., починал во четврток во населбата Рипањ, во близина на Белград, откако бил нападнат и искасан од рој оси, пренесуваат српските медиуми.

Според првичните информации, трагичниот настан се случил на имот во улицата „Наредник Петар Милојевиќ“, каде што мажот престојувал заедно со свој пријател.

Во еден момент врз него налетал рој оси и го искасал. Неговиот пријател веднаш повикал помош, по што на местото пристигнале полиција и екипа на Итната медицинска помош.

За жал, лекарите по пристигнувањето можеле само да ја констатираат смртта на мажот.

Засега не е познато дали починатиот бил алергичен на убоди од оси, ниту дали евентуална алергиска реакција била причина за смртта.

Надлежните служби работат на утврдување на сите околности на овој трагичен случај.

Advertisements