ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – 41 годишен брат ја пронајде сестра си почината

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска околу 11 часот.

„На 17.05.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје“, соопшти полицијата.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, по што ќе бидат познати причините за смртта.