На социјалните мрежи кружи нов трик, со кој криминалците крадат автомобил, со помош на паричка.
Овој метод што го користат е исто толку ефикасен со поновите системи за далечинско заклучување на возилата.
Крадците на автомобили секогаш се обидуваат да најдат нови начини да упаднат во некој автомобил. Можеби сте слушнале дека користат уреди кои го блокираат сигналот испратен од вашиот клуч при заклучување на далечинскиот управувач, но овој метод е различен.
Имено, им треба само паричка, а ја користат така што во момент на невнимание ќе ја вметнат во рачката на совозачката врата. Ако не ја видите паричката при повторното влегување во автомобилот и ја заклучите по пристигнувањето на локацијата, рачката на вратата нема да може да се заклучи поради паричката, а единственото нешто што им преостанува на криминалците е да влезат во вашиот отклучен автомобил.
Доколку забележите паричка, најбезбедно би било да повикате полиција.
Сепак, треба да се има предвид дека бравите на модерните автомобили не можат да се оневозможат на овој начин, а паричката не може да спречи заклучување на возилото.