Почина АКТЕРОТ ТОНИ КОВАЧЕВИЌ (29) Две години се бореше против болеста, колегите неутешни

Сараевскиот актер Тони Ковачевиќ почина на 29-годишна возраст по тешка битка со ракот.

Неговата борба траеше две години, а бројни колеги актери, како и Академијата за драмски уметности во Тузла, се простија од Тони со трогателна порака.

Advertisements

– Длабоко сме потресени од прераното заминување на нашиот драг Тони Ковачевиќ. Академијата за драмски уметности загуби драг студент, колега, пријател. Ќе ве чуваме во постојано сеќавање, како и секогаш, насмеан, радосен, подготвен за нови предизвици, со еден збор – одличен. Бевте студент и колега за кој човек може само да сонува. Драг Тони, ќе останеш засекогаш во нашите мисли и во нашите срца. Нека ти е лесна земјата – напишаа на официјалната страница на Фејсбук.

Погребот ќе се изврши на 5 јуни 2024 година во 13:45 часот на градските гробишта Баре во Сараево, пишува Аваз.