Во Сараево е во тек снимањето на серијата „Тома“ за животот и делата на познатиот фолк пејач Тома Здравковиќ, а главната улога, како и во филмот, ќе ја толкува Милан Мариќ, додека Силвана Арменулиќ ќе ја толкува Тамара Драгичевиќ. Инаку, серијата ќе има 10 епизоди.
По филмот кој никого не остави рамнодушен и ја расплака публиката, познатиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од снимањет на серијата и порача: „Тома серија… уште малку“.
Актерот Петар Бенчина, кој одигра забележителна улога во филмот „Тома“ – докторот Алекса Хаџиповиќ, со своите следбеници ги сподели првите кадри од серијата.
Сценариото за овој проект го потпишуваат Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ. Бјелогрлиќ ќе ја толкува и улогата на продуцент, заедно со Жељко Јоксимовиќ.
Покрај Милан Мариќ и Тамара Драгичевиќ, во проектот ќе учествуваат: Петар Бенчина, Мирјана Карановиќ, Андрија Кузмановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Марко Јанкетиќ, Иван Зекиќ, како и многу други.