Уште една несреќа во Велес – Со комбе удрил во жена која била на погреб кај малата Магдалена и побегнал

Сообраќајна несреќа се случила денеска во Велес, по трагичниот настан во саботата кога 11 годишно девојче беше прегазено и почина од повредите, а неговата мајка беше поврдена.

Како што пренесува ТВ24, жена која присуствувала на денешниот погреб на малата Магдалена, била удрена од возач на комби, кој исто така побегнал. Сепак, полицијата успеала брзо да го фати.

Advertisements

Како што информиравме претходно, триесет дена притвор доби велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил во саботата ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.

Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела. Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.

За овие кривични дела е предвиден затвор од пет до 15 години.