Вооружени мажи и маскирани групи вознемируваат на северот на Косово – предупредува ЕУЛЕКС

ЕУЛЕКС, мисијата на Европската унија за правда реагира дека за време на патролите на северот на Косово била вознемирена од присуството на вооружени луѓе, и како што вели во своето соопштение, од маскирани поединци и групи.

Според мисијата безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

Advertisements

„За време на нашите патроли на терен, бевме сведоци на вознемирувачко присуство на вооружени мажи, често маскирани поединци и групи, на северот на Косово. Ова е неприфатливо. Сведоци сме на поставување дополнителни барикади, кои мора веднаш да се отстранат. Тие се нелегални и ја попречуваат слободата на движење. Покрај овие грижи, загрижува и криминалот на северот на Косово. Безбедносниот вакуум создаден по оставката на полицајците, косовските Срби, може да го користат криминалните групи. Останува на органите на прогонот да го спречат тоа“, изјавија од мисијата на ЕУ за приштинските медиуми.

Во координација со КФОР, формираната полициска единица на ЕУЛЕКС и резервната полициска единица продолжуваат со теренските патроли на северот на Косово, вклучувајќи пешачки патроли во северна Митровица и Звечан.

ЕУЛЕКС вели дека во рамките на својот мандат и капацитет,  е поддржувач на превентивните мерки, но вели дека тие не можат да ја заменат косовската полиција, што е прв безбедносен одговор, соопштија од мисија на ЕУ во Косово.