Почина славната актерка Ракел Велч на 82-годишна возраст, а причината за смртта засега е непозната.
Ракел беше симбол на убавината на своето време, а нејзините филмови се гледаат и денес.
Taa е американска актерка и фотомодел, родена на 5 септември 1940 година во Чикаго (САД).
Поради својата убавина и „раскошните облини“ таа беше секс симбол во седумдесеттите години на дваесеттиот век.
Во 1970-тите и 1980-тите глумеше во неколку филмови, а последниве години најмногу се појавува во неколку епизоди на ТВ серии.
Најпозната е по улогите во „Fantastic Voyage“ и „One Million Years“ B.C. во 1966 година.