На официјалниот Инстаграм профил на неодамна починатиот музичар Масимо Савиќ објавена е порака која тој и ја остави на својата публика.
Според објавата, Масимо ја снимил пораката само три дена пред да почине од тешка болест.
„Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите“, порача Масимо.
Во објавата на Инстаграм се вели: „Тие мисли се дел од последната порака до публиката снимена од нашиот Макс, три дена пред неговото заминување. Сакаше да го честита Божиќ и да ви испрати најдобри желби за (н)оваа година. Твоите мисли, зборови и глас. Сето тоа неизмерно ни недостасува, најдраг наш Макс. На ФБ споделивме линк до емисијата Music Pub на Златко Туркаљ наречена „In memoriam Massimo Savić“, каде што можете да ја слушнете таа порака“.
Снимката од емисијата можете да ја слушнете на овој линк.
View this post on Instagram
Масимо Савиќ почина на 23 декември на 61-годишна возраст.
Пред два дена, на 31 декември, неговата ќерка Мирна, заедно со заедничка фотографија на својот Фејсбук профил објави дека тој ден требало да се омажи.
„Денеска требаше да стоиме тројцата вака, гушнати, но пред матично. Тато планираше да не изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка“, изјави Мирна.