Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која вечерва се случила на експресниот пат Штип-Кочани. До несреќата дошло кога се судриле автобус со беровски регистарски ознаки и возило марка „опел астра“со пробиштипски ознаки , во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.
Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова изјави дека несреќата се случила во 19.45 часот.
Ален Ѓеоргијев, директор на Клиничката болница Штип, за МИА потврдил дека едно лице од сообраќајната несреќа веќе е на испитување кај нив, со цел да се утврдат повредите и да му се укаже соодветен лекарски третман.
Повредени патници во автобусот нема.
Полициски екипи и надлежен јавен обвинител се на местото на несреќата и вршат увид.
Поради сообраќајната несреќа, во моментов екпсресниот пат Штип-Кочани кај клучката Три Чешми е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ во вонреден извештај.