„Ќе се борам со сè што имам“ – најдобрата тенисерка на сите времиња е соочена со тешка дијагноза

Една од најголемите тенисерки на сите времиња, Мартина Навратилова се соочува со сериозен здравствен проблем, рак на грлото и на дојка, откриени се во рана фаза.

– Овој двоен удар е сериозен, но може да се поправи и се надевам на позитивен исход. Ќе ми биде тешко некое време, но ќе се борам со сè што имам – рече Навратилова.

На Навратилова ѝ беше дијагностициран неинвазивен облик на рак на дојка и во 2010 година и имаше лумпектомија.

Advertisements

Навратилова е рекордерка со неверојатни 59 гренслем-титули во поединечна конкуренција и во игра на двојки, чии успеси тешко дека некој некогаш ќе успее да ги надмине.