Џорџина Родригез во луксузно опкружување како и секогаш, го прослави својот 29 роденден во Саудиска Арабија со Роналдо и петте деца.
Таа на Инстаграм објави фотографии од роденденската прослава и напиша дека е „неизмерно благодарна на Бога за сè“
Роденденската торта беше на три ката, а околу во просторијата има многу цвеќе.
Џорџина е облечена во тесен бел фустан и високи потпетици и изгледа преубаво на објавените фотографии.
Инаку, славниот фудбалер во 2010 година го доби своето прво дете – синот Кристијано Роналдо Помладиот, а никогаш не сакаше да го открие идентитетот на мајката.
Во јуни 2017 година Роналдо ги доби близнаците Ева и Матео со помош на сурогат-мајка, а во ноември истата година ја доби и ќерката Алана со својата свршеница Георгина Родригез. Во април 2022 година, Георгина роди близнаци –момчето Анџел и девојчето Бела, но за жал, момчето почина набрзо по раѓањето.
View this post on Instagram