Димитров: Цената на струјата за компаниите на слободниот пазар се смирува

И покрај ковид кризата и енергетската криза предизвикана од воената инвазија на Русија врз Украина, пополека состојбата се смирува, особено со цената на електричната енергија која компаниите на слободниот пазар ја плаќаа и по 400-500 евра, а сега се движи во просек од околу 200 евра, вели во интервју за ЦИВИЛ Медиа, Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи.

Според него ако остане оваа цена или евентуално се намали, компаниите пополека ќе закрепнуваат од кризата и ќе има една стабилизација.

Advertisements

Димитров вели дека зголемувањето на минималната плата на 20.000 денари нема да биде голем товар за стопанството бидејќи тоа е годишно порамнување со трошоците на живот.

„Минатиот пат платата порасна на 18.000 денари со политичка одлука и затоа реагиравме бидејќи отиде на 62 проценти од просечната плата што е рекорд во Европа, бидејќи таму постои директива за минималната плата која што е околу 50 проценти од просечната плата“,  вели Димитров.