Ја изгуби жената што ја сакаше повеќе од животот: 2 години подоцна доби писмо во кое пишуваше нешто незамисливо…

Кога почина од рак на јајниците во 2001 година, Бренда зад себе ги остави сопругот и синовите. Тие долго време беа сркшени од нивната трагична загуба.

Два дена пред да почине, Бренда и дала писмо на пријателката со конкретни упатства да го испрати на радио станица кога нејзиниот сопруг Дејвид ќе пронајде нова љубов.

Advertisements

Сопругот на Бренда се вљубил во Џејн Абрахам две години по нејзината смрт. Кога пријателката на Бренда дознала за тоа, таа испратила писмо до радио станицата.

„Здраво, јас се викам Бренда Шмиц. До моментот кога ќе го добиете ова писмо, јас веќе ќе бидам мртва од рак на јајниците. Ова писмо ќе ви го испрати мојата драга пријателка кога ќе дојде вистинското време…“

„Ја и реков да ви го испрати ова писмо кога мојот сакан сопруг Дејвид ќе продолжи со својот живот и ќе запознае некоја со кого сака да биде во животот“.

„Знам дека сето тоа му беше исклучително тешко. Сигурна сум дека ќе ги донесе најдобрите одлуки за нашето семејство и со текот на времето ќе најде грижлива, сочувствителна сопруга која ќе му помогне да ги подигне момчињата. Знам дека ќе биде неверојатна жена и посакувам да можев да ја запознаам и да и кажам колку и се восхитувам што сака да се грижи за поголемо, пошироко семејство со љубов, посветеност и големо срце“.

„Го пишувам ова затоа што имам желба за Дејвид, нашите синови и за таа жена и нејзиното семејство доколку и таа има деца. Сакам да знаат дека многу ги сакам и дека сакам да се чувствуваат безбедно во овој свет полн со болка. Се надевав дека малата услуга што ја барам од тебе ќе ги промени нивните животи засекогаш и дека ќе сфатат дека секогаш ќе бидам со нив“.

„На новата избраничка на Дејвид и посакувам убав ден, уште поубав викенд, во кој на секој можен начин ќе си удоволува… Тоа го заслужува затоа што им е маќеа на моите момчиња, а особено затоа што на малиот Макс ќе му ја подари мајчинската љубов која толку многу му треба. Сакам да се насмее и да знае колку ценам се што прави за моето семејство. Упорноста ќе победи. Ти благодарам и те сакам, која и да си“. – објави порталот „Fokuzz.com“.