Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, почина на 54-годишна возраст откако доживеа голем срцев удар во нејзиниот дом.
Веста за нејзината смрт дојде само неколку часа по веста дека е примена во болница.
Според американските медиуми, болничарите се обиделе да ја реанимираат во нејзиниот дом, а неколку пати се обиделе да ја оживеат и на пат кон болницата каде што починала Лиза Мари Присли.
Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзината мајка Присила Присли.
„Со тешко срце морам да ја споделам тажната вест дека мојата прекрасна ќерка Лиза Мари не остави. Таа беше најстрасната, најсилната, највљубената жена што некогаш сум ја запознала. Бараме приватност додека се обидуваме да се справиме со оваа тешка загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите. Во овој момент нема да има дополнителни коментари“, рече Присила.
Инаку, Лиза во вторникот беше на доделувањето на Златните глобуси. Таа и нејзината мајка беа присутни за да го поддржат Остин Батлер, кој освои Глобус за неговиот портрет на Елвис Присли.
Лиза Мари е родена во 1968 година и е сопственик на замокот на нејзиниот татко Грејсленд во Мемфис, популарна туристичка атракција. Таа имала девет години кога Елвис починал од срцев удар.
Нејзината музичка кариера започна со нејзиниот деби албум To Whom It May Concern во 2003 година. Потоа следеше Now What во 2005 година, од кои и двете стигнаа до топ 10 на Билборд 200. Третиот албум, Storm and Grace, беше објавен во 2012 година.