Раперот Дрејк уплатил дури еден милион долари на неговите фаворити Аргентинците дека ќе извојуваат победа по 90 – та минути од натпреварот вечерва против Франција.
Аргентина е на чекор да триумфира на Светското фудбалско првенство во Катар, откако во денешното финале против актуелниот првак Франција во Лусаил води на полувреме со 2-0.
Аргентинците комплетно доминираа во првите 45 минути и постигнаа два гола преку Лионел Меси и Ангел Ди Марија, додека немоќната Франција не упати ниту еден удар кон противничкиот гол.
Аргентина поведе во 23 минута преку Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.
Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.