Аргентина е светски шампион, титула што ја освои по трет пат

Аргентина е новиот светски шампион во финалето на Светското првенство во Катар– вечерва извојува победа против Франција.

Најзаслужни за победата беа Лионел Меси кој даде два гола и Килијан Мбапе, кој постигна три голови во регуларниот дел и продолженијата, како и по еден гол од изведувањето пенали.

Advertisements
(Photo by Julian Finney/Getty Images)
(Photo by David Ramos – FIFA/FIFA via Getty Images)

Спортските коментатори велат дека вечерашниов натпревар беше еден од највозбудливите.

На почетокот водеше екипата на Аргентина. Во 22 минута, откако имаше прекршок и досуден пенал, Меси ја довееде својата репрезентација во водство.

Во 36 минута Аргентина дојде во водство од 2:0 со голот на Анхел Ди Марија, по акцијата во која му асистираше Алексис Мак Алистер. Титула светски шампион Аргентина ја доби трет пат во историјата на фудбалот.

Првата победа ја освоија во 1978 година, а во 1986 година ја освоија и втората титула.

ФОТО: Фејсбук