Февруари започна со полна месечина во Лав, а завршува со млада месечина во Риби. Рибите симболизираат многу креативна енергија, затоа искористете ја оваа млада месечина за да создадете и визуелизирате што би сакале да привлечете во вашиот живот и како да ја зграбите среќата и да плачете од радост.
Како и секој астролошки аспект, така и овој ќе влијае на сите знаци на Зодијакот.
Овен
Во последно време сте многу зафатени. Сега е идеално време да патувате некаде и да се опуштите и психички и физички. Користете ја младата месечина за да ги препознаете „знаците на патот“.
Бик
Вашиот социјален живот ќе стане многу интересен. Можно е да ви се допадне личност од вашето опкружување, но немојте веднаш да го претворите во романтична врска. Ова е совршено време да се потсетите зошто заслужувате се што имате во моментов.
Близнаци
Размислувате за промена на работното место, а сега е идеално време да „направите рез“ доколку навистина сакате. Време е да се откажете од старите верувања и да продолжите напред.
Рак
Станувате многу љубопитни и сте отворени за нови искуства кои ви ги нуди животот. Ова е идеална можност да се фокусирате на вашето духовно здравје. Излезете од вашата комфорна зона и проширете ги хоризонтите.
Лав
Овој астролошки аспект ќе ви помогне да ги отстраните самонаметнатите ограничувања. Време е да бидете реални со себе, а тоа често не е лесно. Откако ќе го направите тоа, ќе знаете каде е насоката во која треба да одите.
Девица
Девиците се смешкаат на новата емотивна врска за која сонуваат толку долго. Доколку сте во врска, тогаш е совршено време да внесете новина во врската и да ја „освежите“. Меѓутоа, ако сте слободни, оваа Месечина ви носи некој нов.
Вага
Во овој период ќе се вратите на рутините кои некогаш многу сте ги сакале. Време е да работите на себе, бидејќи само така ќе ја вратите изгубената емоционална рамнотежа.
Шкорпија
Шкорпиите не се чувствуваат добро во последно време, па затоа е идеално да започнете нешто ново во овој период за да се чувствувате подобро.
Стрелец
Стрелците ќе имаат голема потреба да го преуредат или променат просторот за живеење во кој моментално се наоѓаат. Ќе имате желба секој момент да го поминете со семејството и најблиските и ќе ве заморува многу.
Јарец
Познато е дека Јарците се големи работохоличари, па затоа е време да се забави и да сфати дека нема ништо лошо во претерано размислување. Овој транзит ќе ви помогне да го промените начинот на кој размислувате за ситуацијата што ве фрустрирала и ќе ви даде можност да ѝ пристапите од нова, подобра перспектива.
Водолија
Во овој период ќе решавате работи кои ви се многу важни. Но, тоа значи дека ќе мора да се откажете од одредени работи.
Риба
Со Месечината во вашиот знак, тоа значи дека ќе созреете во секоја смисла на зборот. Експериментирајте, забавувајте се, не се ограничувајте, бидејќи само така ќе направите големи промени во вашиот живот.