Животот во Швајцарија носи многу придобивки, бидејќи е исклучително убава земја каде просечниот животен век за мажите е 79, а за жените 84 години. Ова е исто така земја со одлична храна, ниска стапка на криминал и со еден од најдобрите образовни системи во светот.
Доколку воведниот дел не беше доволно убедлив мотив за да се преселите, градските власти во Албинен во Швајцарија нудат и парична награда во износ од 25 илјади швајцарски франци, односно околу 25 илјади евра.
Албинен е прекрасна општина во областа Леук и кантонот Вале на југот на земјата. За жал, нема многу можности за вработување во областа, така што нејзината популација драстично се намалува во последните неколку децении.
Со цел да се поттикне растот на наталитетот во општината, градските власти уште во 2017 година решија да привлечат луѓе во мало катче со високи парични суми. Благодарение на интернетот, таа вест одекна низ целиот свет.
Градските власти во Албинен биле изненадени кога сфатиле колку луѓе се заинтересирани да се преселат, иако не ги прочитале уредно условите за добивање на парите. Тие беа преплавени со покани од целиот свет, а некои се појавија директно со куфери од други континенти – подготвени да се сместат во моментот.
Што всушност се нудеше?
Споменатата сума била понудена на секој возрасен што сакал да се пресели во Албинен, а дополнителни 10 илјади франци за малолетно дете. Со тоа четиричлено семејство, составено од мајка, татко и две малолетни деца, можело да добие сума од 70.000 евра.
Кој имаше право да учествува?
Право на оваа поволност имаа швајцарските граѓани, како и лицата од другите делови на светот кои имаат дозвола за постојан престој во Швајцарија или таканаречената дозвола Ц.
Граѓаните на Европската унија можат да влезат и да престојуваат во Швајцарија без посебни дозволи во период од 90 дена. После тоа, тие треба да побараат дозвола за привремен престој – Б или Л, која трае околу една година. Дозволата Б може да се продолжи неколку пати, а по пет последователни години во Швајцарија, граѓаните на ЕУ имаат право да бараат дозвола В. Граѓаните кои не се членки на ЕУ мора да живеат во Швајцарија десет последователни години пред да можат да побараат дозвола за постојан престој таму.
За програмата можеа да аплицираат само лица помлади од 45 години. Тие мораа да се обврзат да купат дом со минимална пазарна вредност од 200.000 швајцарски франци.
Потоа, заинтересираните мораа да се обврзат да живеат во Албинен минимум 10 години. Во случај да одлучат да се иселат од градот пред истекот на рокот, ќе треба да ги вратат добиените пари.
Кој ги доби парите?
Не само што не можеа да го добијат паричниот износ заинтересирани Американци, Бразилци и припадници на други нации надвор од Швајцарија, туку се пријавиле и луѓето кои ги зборуваат официјалните јазици на Албинен – германски и француски.
Покрај тоа, поголеми шанси за паричните средства имаа оние личности кој работеа работакоја која долгорочно може да се извршува од дома.
Во текот на 2018 година беше одобрена сума на пари за две семејства, а беа разгледани уште три понуди. Спонтаните патници кои не ги прочитаа соодветно условите за учество се вратија во своите домови.