Вечерва на пониските места низ државата врне дожд, додека на некои повисоки планини вее снег
Во овие моменти според камерите од планинските центри, чии снимки се стримуваат на „Skimacedonia“ , каде може и да ги погледнете, се забележува дека снег паѓа на планината Пониква, додека послаби слаби врнежи од снег може да се забележат на Маврово и на Попова Шапка.
Од УХМР за утре најавуваат сончево и посвежо време, со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.
Advertisements
Времето во Скопје ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер.