Познатиот пејач Дарко Филиповиќ се разведе од сопругата Јасмина по 12 години брак.
Нивната љубовна приказна, која започна со раскошна свадбена церемонија, заврши со тежок развод и јавни обвинувања.
Иако првично планирале да се венчаат во Белград, поради големиот број роднини и пријатели од југот на Србија, свадбата во последен момент била преместена во Лесковац.
Веселбата траела речиси 12 часа, а гостите најпрво се собрале во Ниш, каде биле испочитувани традиционалните свадбени обичаи.
По црковната церемонија, прославата продолжила во луксузен ресторан. Јасмина носела венчаница донесена од Турција, а Дарко бил облечен во елегантен костум.
На свадбата присуствувале и бројни јавни личности, меѓу кои Дарко Лазиќ, Милица Тодоровиќ, Славица Ќуктераш и Милан Динчиќ Динча.
По разводот, Филиповиќ јавно зборуваше за причините за крајот на нивниот брак и изнесе обвинувања дека бил изневеруван со негов поранешен пријател.
„Ако не ја е срам, нека ви ја каже вистинската причина. Долго време ме изневеруваше со мојот, сега веќе поранешен другар.
Треба да и биде срам, бидејќи многу блиски луѓе се оддалечија од неа. Како што гледате, мојот образ е чист и затоа не менувам броеви и не бришам профили на Инстаграм од срам“, изјавил Дарко Филиповиќ.



