Србија загуби еден од најдобрите хармоникаши – почина на 46 годишна возраст

На 46-годишна возраст ненадејно почина Сретен Гавриќ, еден од најдобрите хармоникаши во Србија.

„Еден од најдобрите хармоникаши во продукција на Мачва, маестро Сретен Гавриќ (46), наеднаш не напушти. Соработуваше со голем број естрадни музичари, а долги години беше хармоникаш на Митар Мириќ. Остануваат спомените за добар човек, врвен уметник. Почивај во мир маестро“, пишува во објава на Фејсбук страницата.