Министерката Тренчевска за ТВ 24: Во март ќе одлучиме, минималната плата ќе биде околу 20.200 денари

Јована Тренчевска министерката за труд и социјална политика во емисијата „24 Отворено“, која се емитува на телевизија „24“, рече дека пресметките за минималната плата се прават врз основа на метологодија која е донесена во март 2022 и тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение.

„Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на минималната плата согласно податоците од ДСЗ. Очекуваме да биде околу 20.200 денари минималната плата, значи ќе имаме минимална плата над 20.000 денари. Во март 2023 ќе имаме двојно зголемување на минималната плата во некои сектори кои исплаќаа по 8.000 денари плата во 2017“, рече министерката Тренчевска.

Advertisements