Ирска го избра својот претставник на 67 избор за песна на Евровизија – групата „Вајлд Јут“ ( Wild Youth) ќе го вее ирското знаме во Ливерпул во мај, со песната „We Are One“.
Џон Лајдон, поранешниот фронтмен на групата „Секс Пистолс“, не успеа да победи на натпреварот за претставување на Република Ирска на овогодинешната Евровизија.
67-годишникот се надевал дека песната „Хаваи“, за неговата сопруга Нора, која боледува од Алцхајмер, може да победи и да го „привлече вниманието“ на оваа болест.
Во изјавата по прогласувањето на победникот, пејачот на групата „Вајлд Јут“ рече:
„Се тресам, се надевам дека ќе бидеме што е можно подобри“.
Победникот беше избран од ТВ гледачите, како и од национално и меѓународно жири составено од музички експерти.
На крајот за резултатот одлучуваше гласањето на публиката, а „Вајлд Јут“ беше во тесна битка со уште еден изведувач, откако и двајцата имаа поддршка од судиите.