(ФОТО) Теа Таировиќ ја запали публиката во Шведска, но полицијата ја прекина лудата забава

Српската пејачка Теа Таировиќ е фотографирана во Шведска со лисици на рацете покрај полицаец, пренесе српски „Телеграф“.

Нејзиниот настап во Шведска поминал незаборавно – пејачката ја воодушевила публиката со својот глас и со неверојатен танц, пишуваат српските медиуми. Но, овој спектакл во еден момент го прекинала полицијата.

Advertisements

Српскиот портал Телеграф прво напиша дека не е познато зошто рацете и биле врзани со лисици, но до неа на фотографиите што ги објави порталот се гледа униформирано лице.

Подоцна нејзиниот менаџер Никола Бриџис даде изјава во која вели дека пејачката не била задржана во полицијата затоа што станувало збор за рутинска контрола.

„Полицијата вчера беше во редовна контрола. Бараа договори, не само од неа, туку и од Стоја и Девито. Таа го покажа својот договор и полицијата се заблагодари, немаа причина за задржување. Вечерва настапува на една приватна забава во Софија, Бугарија.“ – рекол менаџерот.