(ВИДЕО) Најжешката хрватска навивачка во дуел со катарски бизнисмен – еве што ѝ порача шеикот?

Сексипилната хрватска навивачка Ивана Нол која на почетокот на Мундијалот отпатува во Катар, Доха, за да ги бодри навивачите на сите натпревари го привлече вниманието на јавноста, а беше гостинка во шоуто на познатиот британски водител Пирс Морган, во кое зборуваше за нејзината облека, која често ја нарекуваат непримерна со оглед на катарската култура, пренесуваат хрватските медиуми.

– Мис Хрватска ќе ни каже зошто може да носи што сака во Катар – најави водителот кој се пошегува „дека можеби во емисијата се појавила премногу облечена.

Advertisements

Ивана за оваа пригода облече кариран топ кој ги истакна нејзините бујни гради.

Темата на нивниот разговор била „дали малку облека значи непочитување“, а покрај неа во емисијата го покани и катарскиот бизнисмен Мохамед Хасан Ал Џефаири, кој не го одобрува нејзиното облекување.

Морган најпрво ја праша Ивана дали во Катар, за разлика од другите светски првенства каде се појавуваше, чувствувала отпор од локалното население или ја критикувале за нејзината облека?

– Ќе бидам искрена, не, не добив никакви критики. Многу сум среќна што го прифатија мојот начин на облекување. Многу луѓе во Катар дојдоа кај мене да се сликаат со мене, дури и жени, деца, сите. Беше многу убаво да се фотографирам со нив – одговори Нол, на што водителот истакна дека ова првенство е малку поинакво бидејќи е „поконзервативна земјата и дека некои мажи мислат дека не ја почитува нивната култура.“

– Не доживеав лоши реакции и бев многу среќна бидејќи ме прифатија. Луѓето што се тука доаѓаат од разни земји – рече Ивана.

Инаку, катарскиот бизнисмен пред неколку дена јавно ја прозва Нол.

– Дали нејзиниот начин на облекување беше навредлив за Вас? Какво е Вашето мислење? – го праша Морган бизнисменот, на што тој одговори:

– Би останал неутрален бидејќи видов многу луѓе слично облечени во Катар. Сепак, многу локални жители пријавуваат такви луѓе бидејќи не е вообичаено да се види некој така облечен во Катар. Го прочитавме кодексот на облекување на ФИФА на стадионите за време на турнирот и можеби затоа доаѓаат пријавите. Би сакале да ја поканиме Ивана да научи нешто за луѓето со поинаква гледна точка, луѓе кои можеби не се согласуваат со неа. Секако, во Катар нема да наиде на луѓе кои ќе ѝ го кажат ова директно во лице, бидејќи сме навикнати да ни доаѓаат многу различни гости. Ние сме мултинационална земја, рече бизнисменот.

Тој ја покани Ивана да облече абаја, нешто слично на долг фустан кој го покрива целото тело од вратот до петите, а најмногу го носат жени од исламска вероисповед. Тој додаде дека таа би изгледала многу добро во него.

Разговорот со Ивана почнува во 42 минута.