Со голема тага и неверување, регионалната музичка сцена се прости од пејачката Џана Шаковиќ. Сопругата на босанскиот кантавтор Армин Шаковиќ почина на 29 април, по долго и тешко боледување, на 60-годишна возраст.
Веста за нејзината смрт ги растажи семејството, пријателите и сите што ја познаваа и ја сакаа.
Зад себе остави неизмерна празнина во срцата на своите најблиски – синот Емин, ќерката Илма, сопругот, таткото, мајката, сестрите, како и саканите внуци, кои деновиве се простуваат од неа со длабока тага.


