(ФОТО) Хакирана Фејсбук страницата на ОБСЕ во Македонија, се објавуваат реклами за хотлајн

Македонската Фејсбук страница на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денска е хакирана и пренаменета за рекламирање на виетнамски хотлајн.

Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук.

Advertisements

„ОБСЕ знае дека Фејсбук профилот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакиран. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ“, стои во објавата.

Хакерскиот напад на страницата се случува само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со ОБСЕ.