ФОТОГАЛЕРИЈА од големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Претесен беше вечерва градскиот плоштад во Прилеп каде што ВМРО-ДПМНЕ го одржа својот митинг со кој ја заокружи кампањата за парламентарните и за претседателските избори во среда на 8 мај.

Пред граѓаните во Прилеп свое обраќање имаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседателка на Република Македонија, Александар Николоски, носител на ИЕ 4, Дејан Проданоски, кандидат за пратеник, Петар Ристески, кандидат за пратеник, Билјана Кузманоска, кандидатка за пратеничка и Никола Златески, кандидат за пратеник.

Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата.

Advertisements

На претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 гласачи. Од нив, во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, a на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.